Политика за приватност

Оваа политика за приватност обезбедува информации во врска со личните податоци што ги обработува Мрежата за рурален развој на Северна Македонија (во натамошниот текст „Контролор“) при посета на нашата веб-страница или при доставување податоци до контролорот на кој било друг начин.

При собирање на какви било лични податоци, постапуваме како контролор во согласност со Законот за заштита на личните податоци и согласно истиот закон сме обврзани да го информираме секој субјект за обработката на неговите лични податоци.

Обработката на лични податоци ја сметаме за сериозна обврска и преземаме сите потребни технички и организациски мерки за нивна заштита. Дополнително, секогаш се водиме од принципите на обработка на лични податоци, односно обработуваме само неопходни податоци со цел исполнување на законските обврски и овластувања.

Оваа политика се однесува на сите категории на субјекти на лични податоци чии податоци се обработуваат согласно наведениот закон.

Кои сме ние?

Контролор:
Мрежа за рурален развој на Северна Македонија

Адреса:
ул. „Борка Талески“ бр. 55, 1000 Скопје

Е-пошта:
info@ruralnet.mk

Категории на субјекти на лични податоци

Како контролор кој ги исполнува законските обврски и овластувања за редовно функционирање на организацијата и постигнување на нејзините цели, а во согласност со природата на работата, Балканската мрежа за рурален развој обработува лични податоци за следните категории:

  • Посетители на веб-страницата – навигациски податоци, односно колачиња неопходни за нормално функционирање на веб-страницата (повеќе во Политиката за колачиња).
  • Вработени – согласно Законот за евиденција на труд, за исполнување на договорните обврски.
  • Кандидати за вработување – за цели на вработување и согласно волјата на кандидатите.
  • Учесници на обуки – врз основа на согласност за учество во обуки организирани од организацијата.

Како ги собираме вашите лични податоци?

Личните податоци за сите наведени категории се обработуваат при посета на веб-страницата, при што се собираат само навигациски податоци (колачиња) неопходни за нормално функционирање.

Веб-страницата служи и за информирање на јавноста за активности, објави и податоци што организацијата е должна да ги објави, како и контакт информации (адреса, телефон, е-пошта и лице за заштита на лични податоци).

Посетители на веб-страницата

При посета на веб-страницата се создаваат логови со следните податоци:

  • IP адреса
  • Уредот од кој пристапувате (тип и модел)
  • Оперативен систем
  • Тип и верзија на прелистувач
  • Страници и време поминато на нив
  • URL од кој сте пристигнале
  • Јазик на прелистувачот
  • Држава (според IP адреса)

Повеќе информации има во Политиката за колачиња.