Мрежата за рурален развој на СМ објавува повик за поддршка на проектни иницијативи на своите организации – членки.
Поддршката за овој повик е обезбедена од проектот „Градење на капацитетите на МРР и нејзините членки“ финансиран од We Effect.
Секој предлог-проект треба да биде поднесен на Образец А – Образец за предлог проект, вклучувајќи го Образец Б – Буџет, Образец В – Логичка рамка на активности (задолжително само за Грант Тип 1) и Образец Г – Изјава за партнерство (доколку имаат партнер) како и сите потребни прилози. Бараните формулари се прикачени на веб страната на Мрежата за рурален развој, во делот Проектен механизам. Проектната апликација се испраќа на електронската адреса proekti@ruralnet.mk.
Краен рок за поднесување на апликацијата е 08.05.2020, до 16:00 часот.
Финансиски и административни процедури