Со формализирање на ново партнерство го одбележавме 101-виот Меѓународниот ден на задругите.
 
За време на настанот организиран од МЗЗ - Мрежа на земјоделски задруги во Валандово потпишавме Меморандум за соработка со оваа организација за продлабочување на нашето партнерство и организирање заеднички активности во иднина. Манифестацијата опфати и промоција на производи од земјоделски задруги, доделување признанија и панел дискусија.
 
Покрај потпишувањето на Меморандумот, Претседателот на Мрежата за рурален развој, Петар Ѓоргиевски, ги сподели своите впечатоци во изјава за национална телевизија и емисијата Аграр.