Претставници од Мрежата за рурален развој на С. Македонија се дел од Европскиот LEADER конгрес кој се одржува во Европскиот парламент.
 
За време на првиот ден од конгресот се разменија добри практики и погледи кон политиките за рурален развој, беа доделени #LEADER награди за најголема додадена вредност и се разговараше за резолуцијата ELARD aisbl по 2027 година.
 
За време на вториот ден од Европскиот LEADER конгрес во Брисел, претседателот на Мрежата за рурален развој на С. Македонија, Петар Ѓоргиевски, беше дел од панел дискусијата под наслов „Како да се имплементира LEADER во држави надвор од Европа и како да се соработува со нив?”
 
Тој истакна добри практики за имплементација на овој пристап и се осврна на значењето на Локалните акциски групи како носители на локалниот развој и предводници на LEADER.