Успешно заокруживме уште една проектна иницијатива на територијата на ЛАГ Малеш-Пијанец. Жителите на с. Чифлик, општина Пехчево заеднички реализираа акција на заедницата за целосно уредување на детско игралиште. Акцијата предвидуваше поставување нова, урбана опрема за игра и социјализација на децата, реконструкција на оградата на игралиштето, подобрување на осветлувањето и поставување автобуска постојка.

Оваа акција на заедницата се реализира во рамки на Програмата на УСАИД за развој на заедницата. Продолжуваме да го унапредуваме квалитетот на животот во руралните средини заедно!
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.