Во с. Калуѓерица, општина Радовиш поставена е мини-фотоволтаична централа на Домот на културата, со што се предвидува намалување на трошоците за електрична енергија за улично осветлување за 30% токму преку искористување на обновливи извори на енергија.

Акцијата на заедницата е поддржана од Општина Радовиш, Програмата на УСАИД за развој на заедницата, која ја имплементираме во соработка со ЛАГ Плачковица, како и Проектот на УСАИД Заедно за просперитетна заедница, имплементиран од Ромалитико - Институт за истражување и анализа на политики.

Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.