Започна со работа новиот креативен центар на заедницата (работен хаб) „NEXUS - Creativity Work Hub“ во општина Радовиш со промотивен настан за локалните чинители. Хаботт предвидува три простории за работа со предавална за обуки и студио за подкаст, кои се отворени за сите жители, а особено младите од регионот.

Посетете го креативниот центар во зградата на поранешниот електро-технички факултет во Радовиш.
.jpg)
Основањето на центарот е поддржано од локалната самоуправа, локални граѓански организации, бизниси како и Прогрмата на УСАИД за развој на заедницата, која ја имплементираме во соработка со ЛАГ Плачковица и останати четири Локални акциски групи.

.jpg)
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.