На 14 октомври, бевме во посета на општините Босилово и Василево, каде заедно со Дон Кармин, директорка на Канцеларијата за развој на Северна Македонија, ги видовме заградената депонија во Босилово, како и новиот парк во селото Чанаклија кои се резултат на локалните акции на заедницата во овие општини.
 
 
 
 
 
 
Општините, комуналните претпријатија, локалните бизниси и граѓанските организации заедно со жителите ги здружија своите средства, вештини и идеи за да ги реализираат овие заеднички локални акции. Со заградувањето на депонијата, жителите на Босилово решија значаен предизвик како последица на неконтролираното одлагање на сметот, така што сега дишат почист воздух ослободен од токсични материјали и се движат на почиста почва. Благодарејќи на синергијата на локалните чинители, жителите на селото Чанаклија добија современ и нов парк за уживање и рекреација.
 
 
 
 
Овие заеднички акции се поддржани од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој на СМ, во соработка со ЛАГ Беласица-Огражден.
 
 
 
 
 
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
 
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.