Со цел запознавање на локалните чинители во општините Берово, Пехчево и Делчево со Програмата на УСАИД за развој на заедницата, тимот Мрежа за рурален развој на СМ кој ја имплементира Програмата ги посети овие општини и оствари бројни средби.
На средбата со градоначалникот на Општина Берово – Звонко Пекевски, градоначалникот на Општина Пехчево – Александар Китански и претставникот од Општина Делчево – Тони Стоименовски во канцелариите на ЛАГ Малеш-Пијанец се разговараше за можностите за соработка во рамки на Програмата за развој на заедницата и како вклученоста на сите локални чинители може да резултира во подобар живот за населението и поголем развој на регионот.
Покрај претставници од Мрежа за рурален развој на СМ како имплементатор на Програмата, на средбите присуствуваа и претставници од ЛАГ Малеш-Пијанец која е партнерска организација во имплементацијата на Програмата и организација-членка на Мрежа за рурален развој.
И чинителите од приватниот сектор се клучни во унапредување на локалниот развој. За таа цел, се реализираше посета на дел од компаниите кои се наоѓаат на територијата на Локалната акциска група Малеш-Пијанец како „Џузе-Пром“ ДООЕЛ – Пехчево и „Хит Дизајн“ ДОО – Делчево. Претставниците на Програмата разговараа со сопствениците и претставниците од компаниите за целите на Програмата за развој на заедницата, нејзиното планирано влијание во регионот и можностите за вклучување на компаниите.
Покрај иницијалните средби, подоцна беше остварена и дополнителна средба со Секретарот на Општина Делчево и со останати локални чинители од овие три општини.
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.