Петар Ѓоргиевски, претседателот на Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, денеска беше дел од панел дискусијата посветена на македонските рурални заедници и потенцијалите за развој во рамки на симпозиумот организиран од Обединета македонска дијаспора.
 
Во своето обраќање, тој се осврна на можностите кои ги нуди Програмата на УСАИД за развој на заедницата за унапредување на руралниот развој и соработка помеѓу дијаспората и членовите на заедницата, Локалните акциски групи, локалната самоуправа и приватниот и граѓанскиот сектор.
 
На настанот свои обраќања имаа и претседателот на државата Стево Пендаровски, поранешниот претседател Ѓорге Иванов, италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри, како и професори, експерти, бивши македонски амбасадори во други земји и истакнати лица од граѓанскиот, приватниот и јавниот сектор.