На 7 јули 2022 година, претставници на Програмата на УСАИД за развој на заедницата се дел од настанот за соработка, учење и приспособување, организиран од Проектот на УСАИД за мониторинг, евалуација и учење, имплементиран од компанијата Индаго. Настанот беше посветен на учеството на локалните чинители и на заедницата во локалните акции кои се организираат од страна на проектите поддржани од УСАИД.

Столе Георгиев и Сашо Поповски, како претставници на Програмата и на ЛАГ Плачковица и ЛАГ Беласица Огражден, пред присутните ги споделија своите искуства, предизвици, решенија и добри практики за спроведување на брзи акции во рамки на Програмата за развој на заедницата како и за мобилизирање на локалната заедница и вклучување на различни чинители во реализација на локалните акции.

 

 

За време на настанот, присутните имаа можност да дознаат повеќе за тоа како да се одржуваат локалните акции и резултатите кои ќе произлезат од нив и во иднина, како да го мерат нивото на вклученост на засегнатите страни во локалните акции со употреба на современи алатки и методи и слично.

Имено, Програмата за развој на заедницата е поддржана од УСАИД и имплементирана од Мрежа за рурален развој на СМ во партнерство со 5 Локални акциски групи (ЛАГ).

 

 

Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.