Во с. Владимирово, Општина Берово успешно заврши локалната акција на заедницата за уредување на забавно катче со детско игралиште и место за одмор во рамки на ООУ Дедо Иљо Малешевски – ПУ Владимирово.
 
 
 
 
Со поддршка од општината, комуналното претпријатие, училиштето и претставници од приватниот сектор се создаде современо катче за зголемена социјализација и повеќе можности за забава и стимулирање на креативност и љубопитност кај најмладите.
 
Реализацијата на оваа акција на заедницата е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, која ја имплементираме во партнерство со ЛАГ Малеш-Пијанец и останати четири Локални акциски групи.
 
 
 
 
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
 
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.