По извршената анализа за потребите на Локалните акциски групи за обуки и менторство за градење на нивните капацитети, како една од приоритетните беше избрана обука за мобилизација на фондови.

За таа цел, на 15 јули 2022 година во Кочани беше организирана ваква обука на која учествуваа околу 20 претставници од сите Локални акциски групи – партнери на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, вклучувајќи ги ЛАГ Плачковица, ЛАГ Абер-2015, ЛАГ Малеш-Пијанец, ЛАГ Бојмија и ЛАГ Беласица Огражден.

 

 

За време на обуката се даде посебен осврт на концептот за мобилизација на фондови наспроти мобилизација на ресурси како и на компонентите и карактеристиките на мобилизација на фондови, подготовката на стратегија за мобилизација на фондови и можностите за пристап до средства за финансирање од разни донатори. Дополнително, беа опфатени и други поврзани теми како вмрежување и соработка, управување со проектен циклус и подготовка на проектна апликација со користење современи алатки и методи.

По завршувањето на обуката, учесниците високо ја оценија истата и недвосмислено ја истакнаа потребата од повеќе вакви слични обуки преку кои тие како претставници на Локалните акциски групи ќе ги зајакнат своите капацитети и ќе ги унапредат своите вештини.

 

 

Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.