Во вторник и среда, на 18 и 19 јуни 2024, во Струмица се одржува вториот Национален рурален парламент.
Овој настан спои повеќе од 80-тина претставници граѓанскиот, приватниот и јавниот сектор кои заедно креираа препораки за подобрување на квалитетот на живеење во руралните средини во земјата во доменот на иновации во земјоделското производство, можности за младите од руралните средини и ЛИДЕР (LEADER) пристапот.
Препораките ќе служат како основа за градење политики на локално и регионално ниво насочени кон долгорочно позитивно влијание на овие заедници.