Заедно пронаоѓаме локални решенија за локални предизвици, а за тоа разговаравме со Директорката на УСАИД во Северна Македонија, Џери Дајбл, со која ги посетивме општините Ново Село и Штип. Имено, денеска ги посетивме новиот фитнес центар на отворено и паркот кои се дел од спортскиот комплекс „Христо Татарчев“ во општина Ново Село во придружба на директорката на УСАИД во Северна Македонија, Џери Дајбл. Благодарение на поддршката на општината, јавното комунално претпријатие и приватниот и граѓанскиот сектор, младите сега имаат нов простор за негување здрави навики и унапредување на квалитетот на животот.
 
 
Со г-а Дајбл и нејзиното милениче го посетивме и новоотворениот парк за миленици во општина Штип. За време на посетата, разговаравме со дел од претставниците на локалната заедница кои учествуваа во создавањето на паркот, истакнувајќи го значењето од градење партнерства помеѓу различните сектори за позитивни промени во заедниците.
 
 
Во реализацијата на овие иницијативи покрај локалните чинители се вклучија проектните партнери ЛАГ Беласица-Огражден и ЛАГ Бојмија.
 
 
 
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
 
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.