На 12 ноември, под мотото „Вкуси го животот, вкуси ја традицијата“ пред езерцето во скопскиот Градски парк се одржа Првиот национален саем за храна и пијалаци. Ова е прв саем со ваков обем, на кој се претставија повеќе од 200 производители од над 40 локални здруженија. Тие заеднички ги презентираа македонското земјоделство и гастрономија.

 

 

На просторот во Градски парк, беа поставени поставени над 200 штандови со производи, вкусна традиционална храна од познати готвачи, како и детско катче, со цел на децата одблизу да им се претстават домашните земјоделски произвоиди, храна и пијалаци.

Мрежата за рурален развој на С. Македонија (МРР) заедно со Локалните акциски групи (ЛАГ-ови) Абер 2015, Беласица-Огражден, Бојмија, Малеш-Пијанец и Плачковица се претставија со свои штандови, каде присутните се запознаа со производи од шумски плодови, сушени зеленчук и овошје, јаткасти плодови, како и рачни изработки, природна козметика, цвеќе и останати производи од руралните средини.
 
 
 
Изразуваме голема благодарност за поканата и честитки до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Слоу фуд Македонија како организатори на настанот.