На 27 и 28 септември 2022 година во Скопје беа реализирани две обуки и тоа обука за самоодржливост со потпирање на сопствените ресурси и обука за зајакнување на капацитетите за мобилизација во заедницата. Овие теми се особено значајни за Локалните акциски групи (ЛАГ-ови) кои како предводници на локалниот развој се директно вклучени во имплементација на заеднички локални акции во руралните средини кои ги покриваат. Ова беше потврдено и со анализата за потребите на ЛАГ-овите за обуки и менторство за градење на нивните капацитети.
На обуките учествуваа над 20 претставници од сите ЛАГ-ови кои се партнери на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, вклучувајќи ги ЛАГ Абер-2015, Беласица-Огражден, Бојмија, Малеш-Пијанец и Плачковица.
Целта на обуката за самоодржливост беше поддржување на партиципативниот развој во заедницата кон подобрување во економската, политичката и социјалната сфера, како и подобрување на нивото на социјална кохезија, општествена одговорност и меѓусебна поддршка во процесите на одлучување, соработка и мобилизирање ресурси на локалните акциски групи. За време на обуката, се даде посебен осврт и на проширување на комуникацијата, размената на искуства и вмрежувањето помеѓу учесниците во насока на подобрување на нивната понатамошна соработка.
Обуката за зајакнување на капацитетите за мобилизација на заедницата, од друга страна, беше фокусирана на запознавање на учесниците со процесот и механизмите за анимација, мобилизација и вклучување на засегнатите страни во креирањето политики од значење за заедницата. Алатките, механизмите и стратегиите кои им беа презентирани на присутните ќе им користат за соодветно придонесување за конструктивно, ефективно и навремено вклучување на локалните чинители во процесот на донесување одлуки за развој на заедницата.
Учесниците истакнаа дека научиле нови начини како да обезбедат самоодржливост и како поефективно да ја мобилизираат заедницата при што високо ги оценија фасилитаторите, темите како и начинот на презентирање на темите.
Овие обуки се организирани во партнерство со СЕГ Холдинг како дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој на СМ и 5 Локални акциски групи.
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.