Дел од чинителите од приватниот сектор во радовишкиот регион и во селото Лубница во општина Конче разговараа со тимот кој ја имплементира Програмата на УСАИД за развој на заедницата.
Имено, претставниците од Мрежата за рурален развој на СМ и ЛАГ Плачковица, на чија територија се наоѓаат овие две општини, остварија неколку работни средби со приватниот сектор и тоа со претставниците од компаниите „Бест фуд“ и „Млекара Ѓоргиеви“ од Радовиш.
Програмата цели кон промоција и поддршка на рамномерен економски развој предводен од иницијативи на локалните чинители во рурални средини. Токму затоа дел од темите на кои се разговараше со локалните чинители вклучуваа изнаоѓање и поддршка на иницијативи за подобрување на животните услови во руралните средини во рамки на Програмата кои произлегуваат и се предводени од самите локални чинители и локално население кое живее во областа.
Една таква иницијатива е препознаена во село Лубница во Конче. Таа предвидува партерно уредување на централното подрачје во селото. Дополнително, за оваа иницијатива е обезбедена поддршка од страна на сите засегнати страни и тоа од Општината Конче, стопанствениците на мали трговски друштва во општината, Јавното претпријатие за комунални дејности „Лакавица“ – Конче и самите жители.
Програмата на УСАИД за развој на заедницата е имплементирана од Мрежа за рурален развој на СМ во соработка со Локалните акциски групи Плачковица, Малеш-Пијанец, Беласица-Огражден, Бојмија и Абер-2015.
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.