ЛАГ ПЛАЧКОВИЦА, кој ги опфаќа четирите општини: Радовиш, Штип, Карбинци и Конче, како партнер во програмата на УСАИД за развој на заедницата, спроведувана од Мрежата за рурален развој, во 2024 год. спроведе активности на територијата на Штип и Радовиш, кои имаат за цел зачувување на животната средина преку промовирање на еколошки начини на транспорт, како и подобрување на мобилноста и поврзаноста помеѓу локалните заедници.

Еко-Моментум Радовиш - Одржлива урбана мобилност, е проектна иницијатива која ќе им помогне на радовишани да останат активни и да стекнат поздрав начин на живеење, а истовремено ќе ја подобри животната средина во заедницата. За таа цел беа набавени велосипеди и безбедносна опрема за велосипедисти; беа поставени станици за изнајмување велосипеди; и спроведени безбедносни и промотивни кампањи. Во оваа акција свој придонес дадоа и  Општина Радовиш, ГКЦ КРЕА Радовиш и Кафе бар Моментум.  

Еко Конект:“Искористување на соларни и еко автобуски постојки за рурален напредок и поврзаност“ . Преку оваа иницијатива, во Штип, Ново село и Стар Караорман, се поставени соларни паметни автобуски постојки кои генерираат своја обновлива електрична енергија, смарт лед панели со приказ на мапи и информации за јавен превоз во вистинско време. Целта на овој проект е да ја подобри пристапноста до транспортните услуги и ефикасно да обезбеди релевантни информации за јавноста. Покрај програмата на УСАИД за развој на заедницата, оваа иницијатива беше поддржана и од Општина Штип, ЈП“СТИПИОН“, ТДВИЛ-ЗД ГРАДИТЕЛ 89 ДОО и Лонгуров принт студио.