Благодарејќи на сплотеноста на заедницата и граѓанскиот активизам, успешно заврши заедничката акција за чистење на речното корито на реката Писа во општина Пехчево. Заедничката акција предвидуваше чистење на речното корито на реката Писа во должина од 420 метри, отстранување на нанесената земја, нискостеблестата вегетација и отпад како и санација на кејот и поставување на урбана опрема и хортикултурно уредување.
По тој повод, претставници од Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија заедно со претставници од Мрежата за рурален развој на СМ и ЛАГ Малеш-Пијанец го посетија Пехчево и присуствуваа на манифестацијата за прослава на празникот на градот – Павловден. Оваа манифестација претставуваше можност за јавно претставување на заедничката акција пред пошироката јавност.
Повеќе детали може да погледнете во видеото подолу.
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.