Во село Ума, општина Гевгелија, Програмата на УСАИД за развој на заедницата го прослави завршувањето на првата заедничка акција во селото во рамки на Програмата.

На настанот присуствуваа заменик-амбасадорот на САД во земјата – Ерик Мејер, градоначалникот на Општина Гевгелија – Андон Сарамандов како и градоначалници од општините од регионот, претставници од бизнис заедницата, граѓанскиот сектор и локалната самоуправа.

Повеќе детали може да погледнете во видеото подолу.

 

 

Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.