На 27-ми јануари 2011 година, во хотелот Холидеј Ин во Скопје, Швајцарската агенција за развој(SDC) официјално додели грантови за 2011 година, во рамките на програмата за поддршка на граѓанското општество „CIVICA Mobilitas“, која е имплементирана од Центарот за институционален развој(ЦИРа). Оваа година во вкупно 26 граѓански организации ќе бидат поддржани со оваа програма. Мрежата за рурален развој на РМ е една од организациите, која преку институционален грант за 2011 година, е дел од оваа програма. На настанот поздравен говор одржа амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија г-динот Стефано Лазарото, кој воедно ги додели грантовите.

(Галерија)