„Организации, институции и проекти за рурален развој“ е публикацијата, која на 23ти декември 2010 год. беше промовирана од страна на Мрежата за рурален развој на Република Македонија и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Оваа публикација е прва од ваков вид во Република Македонија и има за цел на едно место да ги претстави субјектите активни во руралниот развој и нивните проекти. Нуди информации за регионалната распространетост на организациите, за нивото на дејствување, членствата, соработките и материјалните ресурси, како и преглед на активностите, буџетите по одделни проекти и човечките ресурси употребени за нивна реализација.

(Публикации)

(Галерија)