Во периодот од 28-ми до 30-ти септември 2012 во село Шишковци, општина Ќустендил, Република Бугарија се одржа фестивалот „Балканска черга“. Трите дена изобилуваа со богата културно – уметничка програма на песни и ора од Македонија, Бугарија и Србија.  Фестивалот на балканска  черга, фолклор и занаети, ги обедини традиционалните бои на балканските народи во една шарена черга исткаена со заеднички мисли и интереси и ослободена од  товарот кој го носи историјата на Балканот. Мрежата за рурален развој на РМ заедно со своите организации – членки, зеде учество на овој фестивал претставувајќи ја македонската традиција и култура.