Проекти на МРР

Балканска мрежа за рурален развој

Развој на капацитети на БМРР со цел да стане одговорен актер за развој на одржливи рурални средини во регионот на Западен Балкан

Мрежата за рурален развој на Северна Македонија ги координира активностите за развој на капацитетите Балканската Мрежа за Рурален Развој со цел таа да стане одговорен актер за одржлив рурален развој во регионот на Западен Балкан. Овие активности се финансиски поддржани од Шведската организација We Effect.

Во рамките на оваа тригодишна институционална поддршка, се преземаат активности за градење на капацитетите на Балканската Мрежа за Рурален Развој (БМРР) да стане важен актер во придонесот за одржлив социо-економски развој на руралните области во регионот на Западен Балкан.Врз основа на претходните активности и искуства, Мрежата за Рурален Развој на Северна Македонија како една од основачите на БМРР ќе работи на градење на капацитетот за управување на БМРР и нејзините мрежни членки преку размена на добри практики. Поддршката од We Effect опфаќа и процес на имплементација на стратегијата на БМРР и акционен план од 2 години, со цел да се обезбеди нејзината идна активност и одржливост.

БМРР ќе биде помогната да ги подобри своите перформанси преку развивање на управувачките капацитети; да ги прегледа и надгради постојните, или да развие нова стратешка рамка и акциони планови; врз основа на самооценување, партиципативни и консултативни методи преку вклучување на нејзините членки.

За повеќе информации, посетете ја нашата интернет-страница:
http://www.brdnetwork.org/