Шведската организација за развој WeEffect  преку проектот „Институционална поддршка на МРР и незјините членки“, го гради капацитетот на МРР и нејзините рурални членки, жени и мажи, да биде важен придонес во демократските процеси на партиципативно ориентирано управување, граѓанско ангажирање и прилагодување кон предизвиците на интеграцијата во ЕУ.

Цел на проектот:

  • Зајакнати организациски и раководни капацитети на МРР и нејзините организации-членки

Проектот ги мапира потребите на МРР и нејзините организации-членки за зајакнување на нивните капацитети. Последователните компоненти на проектот ќе ги зајакнат институционалните капацитети на МРР и нејзините организации-членки, ќе ги насочат кон развојните приоритети во нивните области и ќе ги зајакнат да генерираат промени. Посебен фокус ќе биде посветен на зајакнување на темелите на организациите членки, кои се потпираат на принципите на добро управување за транспарентност, одговорност, инклузивност и на здрав систем на внатрешно управување. Истовремено, ќе се спроведат низа активности со цел подобрување на локалното опкружување во кое работат руралните граѓански организации и соработката со регионалните и локалните власти, како и со другите засегнати страни. МРР ќе воведе нови методи за зајакнување на соработката помеѓу нејзините членки како што се: LEADER пристап, краток синџир на снабдување со храна и студиски кружоци. Организациите-членки ќе бидат поддржани да се насочат кон иновативниот пристап на LEADER на ЕУ и да ги охрабрат да станат дел од Локалните акциони групи, иницијатива што ќе создаде одржливи рурални партнерства во согласност со критериумите за пристапување во ЕУ. Ова ќе го зголеми учеството на членовите на МРР во процесите на донесување одлуки и ќе ги зајакне нивните локални активности. Тие ќе бидат вклучени во развој на локални рурални стратегии и програми за стимулирање на процесите на партиципативна демократија за започнување дијалог помеѓу сите локални чинители.

Краткиот синџир за снабдување со храна ќе игра важна улога, не само за производителите и потрошувачите, туку ќе влијае и на јавните интереси. Навистина, краткиот ланец на снабдување (како што е правно дефиниран со ЕУ бр. 1305/13) е во согласност со целите на „одржливо земјоделство“, преку намалување на трошоците за транспорт и следствено на емисиите на СО2, промоција на биодиверзитетот (т.е. признати производи како „локално“ од потрошувачите) и имплементација на земјоделство во близина на урбаните центри. Затоа, краткиот ланец на снабдување има позитивен ефект врз јавните добра, со јасни придобивки од животната средина, во споредба со долгиот ланец на снабдување. Покрај тоа, што се однесува до пазарите, правните инструменти за спроведување на директна продажба на локални производи реагираат на побарувачката на потрошувачите за „зелено“ производство. Во согласност со приближувањето на македонската национална политика за земјоделство и рурален развој кон Заедничката земјоделска политика, МЗШВ преку Техничката мерка ќе поддржи промоција на синџирот на снабдување со краток период. Поддржувајќи го овој процес на приближување, МРР преку овој проект ќе промовира краток ланец на снабдување.

Преку развој на краткиот синџир за снабдување, RDN ќе ги поддржи своите организации-членки во градење на капацитети за успешен маркетинг и продажба на земјоделски производи и други не-земјоделски производи и услуги. Краток ланец на снабдување вклучува соработка помеѓу малите рурални жени претприемачки, кои се занимаваат со земјоделско производство, но исто така и занаети, туризам и други не-земјоделски производители и даватели на услуги.

Како нов метод за вмрежување и соработка, МРР ќе го промовира методот на Студиски кружоци  меѓу нејзините организации-членки. Ќе се формираат групи за студиски кружоци и во текот на одреден временски период постојано ќе ги исполнуваат и спроведуваат планираните студии под раководство на прифатен лидер. Во студискиот кружок, работа ќе се одвива околу учесниците кои имаат потреба за знаење според нивните сопствени потреби и интереси. Работата на студискиот кружок ќе се заснова на концептот за еднаквост меѓу учесниците. Демократијата и демократските принципи се неопходни за работата на студискиот кружок. МРР ќе организира шема за под-грантирање со цел да ги зголеми и зајакне капацитетите на своите членки поврзани со практиките на управување со проекти. Шемата за доделување грантови ќе воведе стандардизирана и систематизирана постапка како поддршка за подготовка и спроведување на мали проекти според методологијата на проектниот циклус. Опсегот на проектите ќе биде во согласност со Стратегијата на МРР и тематските групи на МРР: Конкурентни рурални области, зелена економија, социјално вклучување и ЛЕАДЕР / CLLD.

Проектот ќе биде насочен кон подобрување на придонесот на жените од руралните средини во руралниот развој, со цел да се зајакне и позиционира жените како важен и еднаков економски актер на ниво на фарма, бизнис и рурален развој. Целта на МРР ќе биде да се создаде свест за важната улога на руралните жени во донесувањето одлуки и зајакнување на преговарачката моќ на жените во руралното општество.

МРР преку проектот ќе соработува тесно со руралните жени организации кои се членови на МРРи исто така ќе поддржува воспоставување врски со Националната федерација на фармери во поддршка и зајакнување на руралните жени за решавање на прашањето за родова еднаквост во руралните области на СевернаМакедонија.

Преку проектот, МРР и нејзините членки ќе ги зајакнат своите капацитети за да бидат проактивно вклучени во усогласувањето на политиките на локално и национално ниво со процесите на интеграција во ЕУ во Македонија. Во текот на проектот, МРР и нејзините членки ќе поминат низ серија обуки за застапување и лобирање, а стекнатото знаење ќе го искористи за подготовка на кратки документи за политики, кои ќе се однесуваат на прашањата во врска со локалните и националните политики и ќе дадат решенија за усогласување со процесите на интеграција во ЕУ.