Мрежата за рурален развој на РМ, заедно со Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, во рамките на кампањата за промовирање на новите измени во ИПАРД програмата, на 4ти април 2013 година во Скопје, организираше форум со наслов „Нови измени во ИПАРД Програмата-подобри можности за користење на европските фондови“. Целта на форумот беше подобро запознавање со промените на ИПАРД програмата,  како можност за подобро и поефикасно искористување на европските фондови со цел развој на руралните средини во Македонија.

Од страна на претставници на секторот за управување со ИПАРД, на форумот беа презентирани новите измени во ИПАРД програмата, целите на програмата, мерките, условите за аплицирање и други корисни информации во овој контекст.

На форумот учествуваа околу 60 претставници на членките на МРР на РМ и голем број други организации и лица од руралните средини заинтересирани за оваа програма.

(Галерија)