Овогодишниот координативен состанок на ПРЕПАРЕ беше одржан на 6ти и 7ми февруари во Рига, Летонија. На собирот присуствуваше претставник на Мрежата за рурален развој на Република Македонија заедно со претставници на организациите членки на ПРЕПАРЕ од 12 различни земји. На дводневниот состанок беа дискутирани сегашните и идни активности на ПРЕПАРЕ. Беа презентирани акциониот план на ПРЕПАРЕ за периодот од 2012 до 2014 година и книгата на ПРЕПАРЕ која веќе беше подготвена и се очекува да биде испечатена најдоцна до мај 2013 год. Учесниците дадоа кратко известување за ситуацијата во рамките на руралниот развој во нивните земји. Тие дискутираа за проблемите со кои се соочуваат нивните земји и споделија свои идеи за можни решенија на одредени ситуации. Имаше повеќе иницијативи за идна заедничка соработка помеѓу организациите членки на ПРЕПАРЕ како и иницијативи за проширување на нивната соработка со други мрежи и организации.