Мрежата за рурален развој на НМ во соработка со мрежите за рурален развој на Србија, Косово, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Хрватска спроведува регионален проект „Вмрежување и застапување за зелена економија “ финансиран од ЕУ.

За потребите на проектот, Мрежата објавува оглас за консултант кој на граѓанските организации добитниците на грантови на територијата на С. Македонија ќе им дава менторска поддршка за правилно административно и финансиско водење на проектот во процесот на спроведување на проектните активности. Покрај менторската поддршка, избраното лице ќе биде задолжено и за вршење мониторинг и евалуација на поединечните грантови

Детален опис на работните задачи е наведен во ToR-от кој може да го најдете во прилог на огласот.

Заинтересираните кандидати да ги достават или испратат своите биографии и финансиска понуда во печатена форма во канцеларијата на Мрежата за рурален развој на НМ најдоцна до 14.07.2020 год. на адреса: ул. Коста Веселинов 3а, Скопје, или во електронска форма на e-mail адресата: ana.d@ruralnet.mk

ANNEX 2