Мрежата за рурален развој на РМ спроведува проект ,,Градење на капацитетите на МРР и нејзините членки’’ финансиран од We Effect. Во рамките на проектот, Мрежата за рурален развој објави повик за поддршка на проектни иницијативи на своите организации – членки.
Мрежата има потреба од два (2) консултанти кои ќе извршат евалуација на добиените апликации.
Детален опис на работните задачи може да најдете во ToR-от кој може да го најдете во прилог на огласот.
Заинтересираните кандидати да ги достават или испратат своите биографии, финансиска понуда како и декларација за поврзаност со нашата организација во печатена форма во канцеларијата на Мрежата за рурален развој на РМ на адреса: ул. Коста Веселинов 3а, Скопје, или во електронска форма доставете ја на наведените e-mail адреси: vesela.ld@ruralnet.mk и на aleksandar.p@ruralnet.mk
Крајниот рок за аплицирање е 05.05.2020 најдоцна до 16:00 часот.