На 13-ти јули 2011 година, во Пехчево се одржа Етно Саемот – Пехчевски Павловден, каде учествуваа организации кои се занимаат со производство на традиционални производи но и други дејности поврзани со руралниот развој. Голем број од присутните организации воедно членки на МРР на РМ имаа можност заеднички да ги промовираат своите производи и активности. На овој настан пред посетителите беше промовирана и дел од македонската култура и традиција со настап на повеќе културно уметнички друштва од разни делови на РМ.

(Галерија)