На 12ти ноември 2011, во село Режановце(Куманово) се одржа културна манифестација „Празијада 2011“. Настанот беше организиран од организации членки на МРР на РМ „Етно-Беба“ и „Еко-Гард“ од Куманово . Целта на настанот е мобилизирање на руралното население во силен промотор на културното и природното богатство во овој регион, промовирајќи го потенцијалот на оваа област за производство на праз. За значењето на празот во исхраната на луѓето, имаше презентација и проф. Д-р Рукие Агиќ, од Земјоделскиот институтот во Скопје. Настанот беше подржан од МРР на РМ и Шведската агенција за меѓународен развој(SIDA).

(Галерија)