На 29ти април 2012 година, во с. Младо Нагоричане, се одржа средба на жените од руралните средини од Североисточниот плански регион, под мотото „Низ прозорецот на подобро утре“. На настанот учествуваа повеќе од 100 жени од рурални средини од цела Македонија, членки на хуманитарното здружение „Есма и Стево Теодосиевски“ и членки на Националниот совет на жени на РМ. На „селска софра“ беа презентирани традиционални јадења од Кумановскиот крај, подготвени од вештите раце на жените од руралните средини.

Оваа манифестација беше организирана од Етно-Беба и поддржана од Градоначалникот и Советот на општина Куманово, Мрежата за рурален развој на РМ и Центарот за институционален развој (ЦИРа), имплементатор на програмата CIVICA Mobilitas финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка(SDC). Голем интерес присутните покажаа за презентацијата со наслов „Жената од руралните средини како претприемач“ презентирана од г-ѓа Марија Ѓошевска Ковачевиќ претставник на Федерацијата на фармери на РМ.

Галерија