Традиционалниот битолски фестивал Бит Фест и оваа година изобилува со богата и разновидна програма. Покрај бројните изложби, концерти и театарски претстави, беше организиран и саем на ракотворби каде меѓу големиот број гости од повеќе земји во светот, учество зема и Етно Шоп Беба како организација членка на Мрежата за рурален развој. На битолскиот Широк Сокак кој беше украсен со различни ракотворби, Етно Шоп Беба ја промовираше македонската традиција и култура изложувајќи ги своите многубројни македонски носии, сувенири и други интересни предмети изработени од вештите раце на жените членки во оваа организација.