Водени од потребата здруженијата на граѓани, кои се занимаваат со ракотворби и други изработки да направат точна калкулација за чинење на производот, Мрежата за рурален развој на Република Македонија организираше две еднодневни работилници во Пелагонискиот и Кумановскиот регион. Темата на работилниците беше „Пресметување на цената на чинење производ“ и беше спроведена од проф.др. Александра Мартиновска Стојческа. На овие работилници активно учестваа повеќе здруженија на граѓани од овие региони.

(Презентација)
(Калкулација)
Пресметување на цената на чинење производ (Галерија)