Од 29-30 септември, во хотел Континентал, Скопје се одржа работилница со наслов „Лобирање и застапување на групата за економско јакнење на руралната жена при Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството на РМ“. Во рамките на работилницата учество земаа претставници на АПРЗ на РМ, Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, Федерација на фармери на РМ, Sida(Шведска агенција за меѓународен развој), Министерство за труд и социјална политика, како и претставници на здруженија, членки на МРР на РМ, и тоа:

1. „Организација на жените на Пехчево“ – Пехчево

2. Здружение на жени ткајачки „Серафим“ – Берово

3. Организација на жени на општина Кривогаштани „Хоризонт“ – Кривогаштани

4. Организација на жени „Цвет“ – Крушево

и беше дискутирано за понатамошна соработка во областа на економското јакнење на руралната жена.

(Галерија)