По повод светскиот ден на руралната жена, 15 Октомври 2011 година, во Тетово се одржа манифестација во организација на ФФРМ, МРР на РМ и ЦеПроСАРД. Пред присутните обраќање имаа претставници на ФФРМ, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Шведска меѓународна агенција за развој(Sida), и Шведската федерација на фармери(LRF). На манифестацијата присуствуваа околу 200 претставници на невладини организации на жени од цела Македонија, како и невладини организации, членки на МРР на РМ. Во рамки на манифестацијата се одржа натпревар за најдобра пита, каде победничката беше наградена.

(Галерија)