Економско зајакнување на жената од руралните средини

Мрежата за рурален развој на Република Македонија, во јуни 2012 год. им даде поддршка на своите членови (женски организации од источниот дел на Македонија) да учествуваат на „Фестивалот на црешата“ во Ќустендил – Бугарија. Организациите, членки на Мрежата се занимаваат со традиционални занаети карактеристични за овој дел на земјата. Целите на посетата беа воспоставување на нови контакти, размена на искуства и изнаоѓање можности за заедничка соработка со слични организации од соседниот регион во Бугарија. Покрај промоцијата на црешата како главно овошје на фестивалот друг фокус беше натпреварот, кој вклучи повеќе центри на заедницата, невладини организации, училишта и градинки од регионот на Ќустендил. Исто така членовите на МРР коишто учествуваа на „Фестивалот на црешата“ имаа можност да продадат многу од своите производи.

Галерија