Со цел да се зголеми вмрежувањето и соработката помеѓу организациите-членки на Мрежата за рурален развој, беше организиран дводневен настан во Струга, на 28 и 29 ноември. На настанот, претставници на организациите имаа можност да ги промовираат своите активности и резултати во рамки на таканаречениот мини саем, како и да разменат искуства, информации и идеи за заедничка соработка и спроведување активности за развој на руралните средини.

Саем на членките на Мрежата за рурален развој Струга – Галерија