Со цел да се реши еден од приоритетните проблеми утврдени меѓу членовите на МРР, се организира дводневна обука на тема „Управување со човечки ресурси“. Членови на RDN се собраа во Демир Капија да научат за принципите на ефикасно управување со луѓе и лидерство, да ги зајакнат нивните индивидуални вештини за управување и лидерство, како и да научат како да ги мотивираат и тренираат другите членови на тимот.
Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „Институционална поддршка на мрежата за рурален развој на Северна Македонија и нејзините членови“ поддржан од We Effect.

Обука – Управување со човечки ресурси – Галерија