Студискиот круг за животната средина беше инициран во Радовиш! Вчера, 15 млади членови на овој Студиски Круг, се состанаа во Библиотеката, во гимназијата во Радовиш, за да учат заедно и да ги споделат своите ставови и знаења за екосистемите. Членовите на Студискиот круг, едвај чекаат да дознаат повеќе за нивната околина и како да ја заштитат. Планираа да одржат 10 сесии во текот на февруари и март, да разговараат за теми како што се: цврст отпад, загадување на вода и воздух и климатски промени. Како дел од сесиите, планирана е посета на терен и ќе бидат поканети експерти за специфични теми. Лидерот на групата е волонтер на Мировниот корпус со широко знаење од областа на животната средина и климатските промени. Младите членови на Студискиот круг го изразија својот интерес да дејствуваат како ко-водачи на секоја од сесиите.

Студиски круг за животната средина во Радовиш – Галерија