На 10 декември во село Јанче, општина Маврово-Ростуше, во чест на денот на мајката земја, Мрежата за рурален развој на РМ во соработка со својата членка Slow Food Conivium – Шарпланинска, организираше еднодневна конференција со наслов „ Иднината на традиционалното производство на сирење во Националниот парк Маврово“. Конференцијата ја отвори државниот секретар во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство г-динот Бесир Јашари. Свои презентации, на конференцијата имаа, проф.Соња Србиновска (Презентација) од факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје и Николче Николовски од Slow Food Conivium – Шарпланинска.На конференцијата учество земаа и производители на овчо сирење од Мавровскиот регион и други заинтересирани производители на овчо сирење, членови на МРР на РМ.

Иднината на традиционалното производство на сирење во Националниот парк Маврово(Галерија)