Мрежата за рурален развој на Република Македонија и Фондацијата за едукација и развој Хуманополис (член на групацијата ЕРА Скопски саем) организираше форум за рурален развој на тема „Диверзификација, вмрежување и LEADER пристапот во руралните средини”, koj се одржa на 16 ноември 2011 во Скопје, во конгресниот центар на Скопски саем, во рамките на Агрофуд саемот. Целта на форумот беше да се презентираат и да се споделат искуствата од земји членки на Европската Унија за диверзификацијата, потребата од вмрежување во руралните средини и LEADER пристапот како дел од Eвропската политика за рурален развој. На форумот со свои презентации учествуваа експерти и претставници од Европската мрежа за рурален развој, Европската LEADER мрежа за рурален развој (ELARD), како и организации за рурален развој од Македонија.

ELARD_presentation-Skopje

(Галерија)