Мрежата за рурален развој на Република Македонија обезбеди три инструктори за обуката за LEADER пристапот, која што беше организирана од страна на Проектот за поддршка и подготовка на ИПАРД (SIPP – Support to IPARD Preparation Project). Обуките беа наменети за неформални национални и локални чинители, а се дискутираше за деталите за спроведување на LEADER мерката од ИПАРД од страна на МЗШВ, како и поттикнување процес на консултација и размена на искуства со земјите членки и со национални/локални ресурси (МРР), планирање на следните чекори за постојните иницијативи по примерот на LEADER/групи по примерот на ЛАГ . Целта беше да се поддржи МЗШВ во искористувањето на процесот на консултација и поддршка за координирано и структурирано подигнување на свеста во 2011 година.

Членовите на МРР ангажирани како локални експерти во целокупниот процес, ги олеснуваа обуките и ги прикажаа позитивните искуства при воведувањето на LEADER пристапот во елаборацијата на стратегиите за локален развој и реализацијата на проекти од овие стратегии во 16 избрани општини во Македонија.

Низата обуки се одржаа во втората половина на септември 2010 година и тоа во Скопје 14/15, Струмица 16/17, Маврово 21/22 и Битола 23/24.

(Превземи ги документите овде)

(Галерија)