Од 28-ми јуни до 02-ри јули 2011 година, во Златибор, Република Србија, се одржа собирот на PREPARE (Меѓународна мрежа за промоција на руралниот развој во Европа) . На настанот учествуваа околу 100 претставници на мрежи за рурален развој од 20-тина земји членки на ЕУ и од Западен Балкан. Со свои претставници на собирот учествуваше и МРР на РМ. Во рамките на собирот се одржа конференција со наслов „Пристап во ЕУ со интегриран рурален развој“, на која свои презентации имаа претставници на институции на ЕУ и други меѓународни експерти од оваа област. Презентациите на експертите и повеќе информации од настанот можете да ги најдете на следнава интернет страница http://www.preparenetwork.org/events/prepare-gatherings .

Галерија