Во рамките на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, Мрежата за рурален развој на РМ го подготви овој прирачник за користење на правилниците за спроведување на ЛЕАДЕР како ИПАРД мерка за рурален развој. Двата правилника подготвени од страна на МЗШВ ги пропишуваат содржината и методологијата за подготовка на стратегиите за локален развој, како и условите за запишување на Локалната акциона група во ЛАГ евиденцијата.

Овој прирачник ќе претставува важна алатка во процесот на информирање и обука за ЛЕАДЕР методологијата како водечки концепт за развој на руралните средини.