Настанот беше заеднички инициран од Постојаната работна група за рурален развој во западен Балкан и ПРЕПАРЕ партнерството на рурална Европа, со поддршка од TAIEX (Инструмент за техничка поддршка и размена на информации), Мрежата за рурален развој на Република Македонија, Мрежата за рурален развој на Србија и Мрежата за рурален развој на Црна Гора.

Oваа иницијатива беше организирана во периодот од 31 март до 2 април,  во форма на дводневна теренска посета или т.н. „патувачка работилница“ и еднодневна национална конференција во секоја од трите земји во Западен Балкан – Република Македонија, Црна Гора и Србија – после што следеше завршна конференција која се одржа во Брисел.

Настанот имаше две главни цели:

•             Да ја подигне свеста кај сите чинители во руралниот развој, посебно идните локални акциски групи како дел од ЛЕАДЕР пристапот, во однос на  можностите и средствата за вклучување и соработка во релевантната политика и донесувањето одлуки на национално ниво.

•             Да го насочи вниманието на националните администрации и носители на одлуки, кон важноста од постоењето на структурирани средства за вклучување на чинителите, а особено на локалните актери од руралните средини, во креирањето и спроведувањето на политиките во земјоделството и руралниот развој.