организирано во соработка со
Постојаната работна група за рурален развој во западен Балкан, ПРЕПАРЕ партнерството за рурална Европа, Мрежата за рурален развој на Република Македонија, Мрежата за рурален развој на Србија и Мрежата за рурален развој на Црна Гора

ЛЕАДЕР методот го потврди своето огромно значење во мобилизирањето на сите чинители во руралните средини во насока на соработка на локално и суб-регионално ниво и во градењето на добри релации помеѓу административните и клучните актери во руралниот развој. Националните и европските рурални мрежи, вклучувајќи ги ЛЕАДЕР, ПРЕПАРЕ и други, веќе многу години ги споделуваат своите искуства и се сѐ повеќе присутни и активни во регионот. Тие отсекогаш потенцираа и се обидуваа да промовираат заедничко разбирање и соработка помеѓу властите и чинителите, како и партнерства помеѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор на суб-регионално ниво. Исто така, тие преку своите програми, ја нагласија и демонстрираа важноста на интернационалната размена и остварувањето на лични контакти помеѓу сите инволвирани, како и значењето на учење од практични примери кое може да се спроведе преку размена на искуства и вмрежување.

Надоврзувајќи се на искуството опишано погоре, Европската Комисија ја понуди својата поддршка за спроведување на една стимулативна иницијатива која ќе им помогне на оние коишто се вклучени во креирањето и имплементацијата на програмите за рурален развој во западен Балкан и Турција.

Во периодот од 31 март до 2 април, оваа иницијатива беше организирана во форма на дводневна теренска посета или т.н. „патувачка работилница“ и еднодневна национална конференција во секоја од трите земји во Западен Балкан – Република Македонија, Црна Гора и Србија – после што следеше завршна конференција која се одржа во Брисел. Настанот беше заеднички инициран од Постојаната работна група за рурален развој во западен Балкан и ПРЕПАРЕ партнерството на рурална Европа, со поддршка од TAIEX (Инструмент за техничка поддршка и размена на информации) и мрежите за рурален развој на Република Македонија, Србија и Црна Гора.

Настанот имаше две главни цели:

  • Да ја подигне свеста кај сите чинители во руралниот развој, посебно идните локални акциски групи како дел од ЛЕАДЕР пристапот, во однос на  можностите и средствата за вклучување и соработка во релевантната политика и донесувањето одлуки на национално ниво.
  • Да го насочи вниманието на националните администрации и носители на одлуки, кон важноста од постоењето на структурирани средства за вклучување на чинителите, а особено на локалните актери од руралните средини, во креирањето и спроведувањето на политиките во земјоделството и руралниот развој.

Учесници

Помеѓу учесниците во патувачката работилница беа: претставници на јавни администрации и водечки организации од Турција и секоја од земјите – кориснички на ИПА од западен Балкан; учесници од различни организации од трите земји – домакини – Република Македонија, Црна Гора и Србија; официјални претставници на Европската Комисија – DG AGRI (Директорат за земјоделство) и DG ENLARG (Директорат за проширување); неколку членови или официјални претставници на Европскиот Парламент; претставници на ПРЕПАРЕ партнерството и Постојаната работна група за рурален развој во западен Балкан, мрежите за рурален развој од земјите – домакини; експерти од земјите членки на ЕУ кои имаа улога на известувачи или советници во групите на патувачката работилница.

Мрежата за рурален развој на Република Македонија (МРР на РМ) имаше задача да ја креира и модерира програмата за теренската посета во Македонија и националната конференција, со цел да се сретнат руралните актери и да дебатираат во рамки на пристапите кои овозможуваат ефективно учество на руралните чинители во развојните процеси.

Travelling Workshop in Macedonia documents

Travelling Workshop Concluding Conference Documents

1