На 13 ноември 2013 год. во Брисел, беше организиран првиот Европски Рурален Парламент, ЕРП. Во соработка и со поддршка на Европскиот Економски и Социјален Комитет, Парламентот беше одржан во нивните простории во Брисел и претставуваше стратегиски собир во самиот центар на Европската политичка моќ. На настанот присуствуваа повеќе од 150 претставници на 70 рурални организации, меѓу кои и претставник на Мрежата за рурален развој на РМ, со цел да ги постават проблемите со кои се соочуваат руралните заедници на агендата на ЕУ и да извршат влијание врз политиките коишто ги обликуваат нивните животи.

Европскиот Рурален Парламент е концепт, идеа, настан, визија на рурални асоцијации и локални заедници. Тој претставува Форум за размена на идеи и искуства помеѓу националните рурални движења и мрежи.

Целта на ЕРП е да спроведе заеднички глас за зајакнување на руралното движење во Европа. Европскиот Рурален Парламент ќе создаде заедничка изјава која ќе влијае на Европската рурална политика, на подобрување на дијалогот помеѓу носителите на одлуки и на локално ниво, на размена на искуствата на успешен локален развој и ќе најде форма во која ЕРП ќе продолжи да живее низ Европа.

Руралните движења кои земаа учество во иницијативата дојдоа до заклучок дека имаат бројни заеднички проблеми и интереси како што се квалитетот на училиштата во руралните средини, пристапот до здравстваените установи и други основни услуги, како и можноста да се влијае на политиките на ЕУ.

Европскиот Рурален Парламент создаде совршена мешавина на мислења од повисоките и пониските нивоа, во комбинација со праксата. Процесот ќе продолжи после настанот, во облик на задачи и одлуки кои ќе бидат изнесени од страна на работните групи, кои понатаму ќе известуваат за прогресот.