На 17-18 април во Брисел LEADER заедницата одржа собир по повод третиот годишен ENRD LEADER настан. Темата на настанот беше „Градење мостови за иднината“ и целта беше да се поддржи процесот на успешно програмирање на CLLD (познат како LEADER во EAFRD) на национално и локално ниво.  Настанот спроведе уникатна платформа за размена во реално време помеѓу сите засегнати страни вклучени во обликување и/ или учество во иднината на LEADER.

На настанот присуствуваше претставник на Мрежата за рурален развој на Република Македонија заедно со претставници од Локални Акциски Групи, управни органи, платежни агенции, национални рурални мрежи, контакт центарот на ENRD, Европската комисија и различни Европски организации.

Претставниците имаа можност да добијат информации и увид во практиките кои би можеле да дадат инструкции за нивниот процес на консултација и програмирање на LEADER на национално, регионално и локално ниво. Исто така тие имаа пристап до искуствата и научените лекции, студии и примероци за процесите, алатки кои понатаму може да бидат поврзани со специфични средини. Ова беше одлична можност да се сретнат други практичари во руралниот развој, Европските креатори на политики и претставници на контакт центарот на ENRD.